Потпретседателот на ФИФА бара остри казни за Србија

 

Потпретседателот на ФИФА, Џим Бојс бара остри казни за српската фудбалска репрезентаија по обвинувањата дека на мечот меѓу селекциите до 21 година на Србија и Англија во Крушевац англискиот играч Дени Роуз.

Џим Бојс бара Србија да биде казнета со играње пред празни трибини, но и дека може да се размислува и за исфрлање на Србија од меѓународните натпреварувања во иднина.
„Ова не е првпат Србија да има големи проблеми и како некој кој целосно го осудува расизмот во кој и да е облик, сметам дека УЕФА треба сега да делува многу построго. Дојде време кога паричните казни не се доволни. Идиотите коишто ги предизвикуваат ваквите проблеми не се грижа за парите кои треба да ги платат клубовите или сојузите”, изјави Бојс за BBC Radio.
„Затоа мора да се преземат посериозни мерки, особено против Српскиот фудбалски сојуз”, истакна Бојс.
Српските навивачи според пријавите на англиската фудбалска федерација FA расистички го навредувале англискиот бек Дени Роуз на мечот во Крушевац од баражот за селекциите до 21 година за пласман на Еуро 2013, кој го доби во финишот Англија со 1:0.
Роуз беше исклучен бидејќи ја шутираше топката во публиката по завршувањето на мечот а беше инволвиран во кошкање со српски играч додека го напушташе теренот што предизвика тепачка во која учествуваа и играчи и членови на стручните штабови на двете репрезентации. Српскиот фудбалски сојуз, од своја страна, соопшти дека Роуз со недолично однесување и навреди го предизвикал инцидентот.
 
Макфакс
извор: Hina

Пронајдете не на следниве мрежи: