Барса во Ла Коруња, Атлетико во баскија, Реал против Селта

 

Без вистински дерби ќе мине осмото коло во Примера дивизија, водечките две екипи на табелата Барселона и Атлетико Мадрид, во оваа рунда ќе играа на гостински терен.

Барса патува во Ла Коруња, на теренот на Депортиво каде по традиција игра добро. Секаков друг резултат, која нема да биде победа на Барселона ќе биде вистинска сензација.  Атлетико ќе има потешка задача на гостувањето во Сан Себастијан, против Реал Сосиедад, кој на домашен терен знае да биде непријатен противник.  Реал Мадрид е асолутен фаворит против Селта, тренерот Мурињо на оваа средба ќе може да испроба некои нови решенија во дефанзивата, откако поради повреди нема да може да смета на Коентрао, Марсело и Арбелоа.  На „Местаља“ во валенсија силите ќе ги одмерат разочарувањата во досегашниот дел од сезоната, домашниот тим и Атлетик Билбао. Двата тима во седумте кола имаат само две победи е се наоѓаат во долниот дел од табелата.  Сабота, 21. октомври: Малага-Ваљадолид Реал Мадрид-Селта Валенсија-Атлетик Билбао Ла Коруња-Барселона Недела, 21. октомври Хетафе-Леванте Еспањол-Рајо Ваљекано Осасуна-Бетис Гранада-Сарагоса Реал Сосиедад-Атлетико Мадрид Осмото коло во Примера дивизија во понеделник ќе се комплетира со одигрувањето на натпреварот помеѓу Севилја и Мајорка.  Табела: Барсаелона 19, Атлетико Мадрид 19, Малага 14, Бетис 12, Реал 11, Мајорка 11, Севилја 11…
 
Макфакс
извор: макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: