Пандев го напаѓа Јувентус

 

Осмото коло во италијанската Серија А, го носи дуелот на според многумина единствените кандидати за титулата во калчото. Јувентус, која ја брани титулата, ќе го пречека Наполи, во чии состав се очекува од самиот почеток Горан Пандев.

Ова е пресметка на екипите кои од почетокот на првенството немаат пораз, но и дуел на екипи кои ја отоврија новата сезона во Италија со натпреварот во Суперкупот, кој заврши со победа на „црно-белите“ од 4:2. Милан, кој делува лошо во ова првенство и кој веќе нанижа четири порази во првите седум кола, на „Олимпико“ ќе му гостува на Лацио.  Сабота, 20.октомври: Јувентус-Наполи Лацио-Милан Недела, 21. октомври: Каљари-Болоња Аталанта-Сиена Киево-Фиорентина Интер-Катанија Палермо-Торино Парма-Сампдорија Удинезе-Пескара Џенова-Рома Табела: Јувентус 19, Наполи 19, Лацио 15, Интер 15, Рома 11, Катанија 11, Фиорентина 11, Сампдорија 10…
 
Макфакс
извор: макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: