Тошак: Проблемот на Роналдо е Меси

Поранешниот селектор на Македонија, Џон Тошак, за медиумите изјави дека проблемот на Кристиано Роналдо е токму најдобриот играч на Барса, Аргентинецот Лионел Меси.
„Тоа што Меси го прави е неверојатно, тоа веќе сите го знаат. Кога и да пуштам ТВ, Меси постигнува гол“ вели Тошак.
Тој надополнува…
„Единствен проблем кој го има Роналдо е дефинитивно Меси. Ми делува како да премногу се грижи околу тоа кој е подобар“.

Пронајдете не на следниве мрежи: