Руни најдобар во Јунајтед, Џеко го провлече Сити

Loading...

 

Покрај победата на Челзи во лондонското дерби против Тотенхем, во саботната програма до 8-то коло од англиската Премиер лига, манчестерските клубови благодарејќи на своите најдобри фудбалери запишаа нови победи.

Манчестер Јунајтед на својот „Олд Трафорд” без особени проблеми го совлада Сток со 4:2. Вејн Руни на овој меч постигна хет-трик , но еднаш топка ја спроведе во сопствената мрежа, и тоа во 11-та минута за водство на гостите, а потоа ги израмни резултатот во 27 минута, а во 65 ја потврди победата на Јунајтед, откако претходно Робин ван Перси во 44 и Дени Велбек во 45 минута го решија победник на мечот, во кој Сток успеа само да намали преку Мајкл Најтли во 58 минута. Со оваа победа Манчестер Јунајтед има 18 бодови и ја намали предноста на Челзи кој претходно го совлада Тотенхем со 4:2, на четири бодови, додека Сток Сити останува засега на 13-то место со 8 бодови.
Актуелниот англиски шампион Манчестер Сити многу тешко и со пресврт од 2:1 дојде до трите бодови на гостувањето кај Вест Бромвич Албион. Херој на Сити беше босанскиот репрезентативец Един Џеко, кој влезе од клупата, бидејќи домашниот ВБА од 23 минута имаше играч повеќе откако беше исклучен Џејмс Милнер, а во 67 минута противникот имаше водство по погодокот што го постигна Шејн Лонг. Но откако Џеко во 79 минута влезе во игра, веќе во следната минута израмни на 1:1, а во втората минута од судиското продолжување му донесе победа на првакот. Иако менаџерот на Сити, Манчини сезонава на Џеко му дава скромна минутажа, тој во првите осум кола успеа да постигне пет голови. Сити, така се задржа на третата позиција на табелата со 18 бодови колку што има и градскиот ривал Јунајтед на второто место, со по четири бодови зад водечкиот Челзи. Вест Бромвич Албион како и Тотенхем на 5 остана на 6-та позиција со 14 бодови, којашто ја дели со Вест Хем.
Ливерпул со голот на Рејхим Стрлинг во 29 минута го совлада Рединг. Ливерпулските „редси” се на 11-то место со само 9 бодови, додека Рединг останува ви групата тимови со 3 бода кои во моментот се селата во втората лига.
Исто со 1:0 заврши и мечот меѓу Фулам и Астон Вила, кој го реши во полза на домаќините Крис Бејрд во 84 минута. Фулам моментално се искачи на 8-то место со 13 поени, додека Астон Вила е 16-та со 5 бодови.
Свонси Сити и Виган Атлетик го решија мечот во три минути со головите на Пабло во 65 и Мучу во 67 минута за домашните и Емерсон Бојс во 69 минута за гостите (2:1). Свонси е 10-ти со 11 бодови, а Виган останува во групата тимови што ќе се борат за опстанок, на 1-то место со бодови од можни 24.
Највисоката победа од 4:1 ја постигна Вест Хем на домашен терен против Саутемптон. Стрелци за домашните беа Марк Нобл во 47 72 минута од пенал, Кевин Болан во 48 и Мадибо Маига во 87 минута, додека почесниот погодок за гостите го постигна Алам Лалана во 64 минута. Вест Хем Јунајтед се искачи на делба на 6-то место со Вест Бромвич Албион со 14 бодови, додека Саутемптон досега успеа да собере само 4 бодови и е на 17-то место од 20-те клуба во англиската Премиер лига.
Претходно во саботата, во едно од бројните лондонски дербија сезонава лидерот Челзи со 4:2 го совлада Тотенхем.
 
Макфакс

loading...
Loading...