Депортиво „МАШКИ“ изгуби од Барса!!!

Неверојатен натпревар се одигра во Примера на дербито помеѓу некогашниот гигант Депортиво и сегашната неприкосновена Барса, натпреварот одбележа дури девет голови.
Девет голови на мечот помеѓу екипите на Депортиво и Барса, натпреварот го доби гостинската екипа со резултат 4-5.
Жорди Алба стрелаше за 0-1 во третата минута, Тело само пет минути подоцна зголеми на 0-2 а во 18-тата минута од мечот веќе беше 0-3 а голот беше дело на Меси. Пици намали на 1-3 од пенал во 26-тата минута и тука се најави голеадата. Во 37-мата минута Бергантинос намали на 2-3, а шест минути потоа Меси стрелаше за 2-4, така гласеше резултатот од првиот дел каде беа постигнати неверојатни шест погодоци.
Во вториот дел по само две минути игра Пици повторно стрелаше за Депортиво намалувајќи на 3-4.
Отпорот го скрши целосно Лионел Меси во 77-мата минута од мечот, постигнувајќи хет-трик и ја доведе Барса на чекор до победата. Жорди Алба само две минути подоцна постигна автогол со што најави интересна завршница но мечот го доби и тој епилог, конечни 4-5 за екипата на Барселона.
Фото: goal.com

Пронајдете не на следниве мрежи: