Хотели на иднината-во вселената

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
За оние на кои полека им здосадуваат сите содржини што ги нудат “нормалните” луксузни хотели кои се наоѓаат на копно, а и воопшто на планетава, архитектите мораа да најдат некакво решение, како знаат и умеат.
Во последните години се појавија десетици проекти за хотели кои ќе го освојуваат океанот (дното, да се разбереме), па кога некои сфатија дека и таа идеја мора да се надмине, се осмелија да прават и планови за населување во вселената. За среќа, денес овие планови изгледаат многу реално, во голем дел од случаите фали уште богатите инвеститори да ги одврзат своите вреќи со пари. 
Кога-тогаш ќе мора да почнеме да гледаме на вселената како на перманентна база, место каде човекот ќе може да живее и да функционира нормално, па колку и да е далеку таквиот момент. Факт е дека луѓето имаат визија за такво нешто.
Овој концепт е голем предизвик, бидејќи е голем тест за оваа технологија на издигнување цели градби од земја, и е проект кој се бори да преживее во многу тешки услови. Се надеваме дека тројната заштита која е поставена на целиот објект ќе биде доволна да го одбие бесот на метеоритите.
Еве некои од најинтересните проекти на кои налетавме, наскоро ќе се распрашаме за првите резервации.
 
Commercial Space Station Skywalker
Дизајнер – Bigelow Aerospace,Las Vegas
Локација – 515km над Земјата Статус – комплексот ќе биде достапен од 2015 година Цена на проектот – 500.000.000 долари Цена за престој по личност – 1.000.000 долари од вечер

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Galactic Suite
Дизајнер – Xavier Claramunt од ADD+ARQUITECTURA
Статус – проектот е во моментален застој, прототипот е развиен
Дизајнерот Xavier Claramunt се обидел да ја сработи оваа работа така што ќе се инфилтрира во соништата на секој авантурист во светот со Galactic Suite, односно вселенскиот апартмани, кој ќе има 22 соби со димензии 7×4 метри, без агли и големи прозорци. Ова е првиот глобален проект од ваков вид, заедно со вселенскиот хотел на Robert Bigelow. Различни капсули (како што ги гледате на сликата) ќе имаат различна намена – барови, ресторани, рецепција итн. Прототипот е готов, потребно е единствено инвеститорите да ги вложат своите пари во овој фантастичен проект.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Aeroscraft – летечкиот луксузен хотел на иднината
Дизајнер – Igor Pasternak (од Worldwide Aeros Coproration), Wimberly Allison Tong & Goo (WATG) Статус – прототипот е во изработка
Aeroscraft  е огромен авион, тежок околу 400 тони, кој е дизајниран да пренесува патници. Овој летечки хотел кој има површина еднаква на две фудбалски игралишта, виси во воздухот со неколку милиони кубни метри хелиум, огромни пропелери кои работат на струја и водород и 6 турбо мотори. Во хотелот може да се сместат 250 патници, а брзината која може да се достигне е 174 милји на час, покривајќи максимална далечина од 6.000 милји.
Хотелот се движи на 2.5km височина од површината на Земјата. Меѓу содржините кои овој хотел ги нуди се вклучени и казино, ресторани, сали за конференции итн.

 
 
 
 
 
 
 
 
The Lunatic Hotel – хотел на Месечината
Дизајнер – Hans Jurgen Rombaut, Wimberly Allison Tong & Goo (WATG) Статус – планот е подготвен, ќе добие вистинска форма до 2050 година
Хотелите кои орбитираат низ вселената се навистина возбудливи, но има некаква аура која ја шири помислата дека можете да живеете на месечината. Можеби концептот за овој хотел ќе послужи конечно да се добие претстава за тоа како би изгледал животот на друго небесно тело покрај Земјата. Дизајнерот Hans-Jurgen Rombaut од Ротердамската академија за архитектура во Холандија е многу оптимистичен кога вели дека планира овој проект од соништата да биде завршен до 2050 година.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Hydropolis – подводен хотел со “10 ѕвезди”
Локација – Dubai Дизајнер – Joachim Hauser, Crsecent Hydropolis Resorts Цена на проектот: 500.000.000 долари
Подводниот комплекс Hydropolis е дизајниран со помислата дека 60% од површината на Земјата е покриена со вода, и дека убавините на океаните мораат да се искористат. Комплексот ќе вклучува и огромен трговски центар, ресторани, најсовремени кино сали и, колку и да звучи изненадувачки, систем за одбрана од проектили.
Гостите ќе можат да бираат меѓу 220 апартмани, секој уредуван на различна тематика. Ова е еден од најголемите градежни проекти во светот, покрива површина од околу 260 хектари, односно е приближно голем колку Hyde Park во London.
Се очекува овој уникатен проект да биде завршен годинава, доколку не се појават некакви неочекувани проблеми, но последните извештаи најавуваат некакви одложувања. Доколку овој проект се покаже како успешен, компанијата Crescent-Hydropolis која го води проектот најавува изградба на десетици вакви комплекси насекаде низ светот. 

 
 
 
 
 
Прочитајте ги и следниве статии:
Алкохолна пица: Да, таа постои!
5-те најбогати луѓе низ историјата
Креативноста и уметноста-најинтересните градби во светот
 
 

Пронајдете не на следниве мрежи: