Со истражување утврдена поврзаноста меѓу потресите и искористувањето на подземните води

Интервенциите на човекот, во конкретниот случај искористувањето на подземните води, придонесле за предизвикувањето на разорниот земјотрес кој минатата година го погоди шпанскиот историски град Лорка, па дури можеби и го влошиле, откриено е со научно истражување.

Во мај 2011 година во земјотресот со магнитуда од 5 степени по Рихтер со хипоцентар близу површината, на само три километри длабочина, загинаа девет луѓе а 130 беа повредени во градот Лорка. Околу 15 илјади луѓе остана без домови од тој земјотрес, а беа речиси неупотребливи околу 12 отсто до зградите.

Пабло Гонзаес од геолошкиот оддел на канадскиот универзитет Западен Онтарио и неговите колеги со радар ги анализирале деформациите на почвата по земјотресот, се наведува во написот објавен во магазинот Nature Geoscience.

Притоа откриле дека земјотресот бил предизвикан од систем пукнатини во областа Ахама де Мурсиа, Попрецизно, главнината на силата на потресот е предизвикана од одрон од само 20 сантиметри сегмент во пукнатината на два до три километра длабочина.

Тој расед се создал на само три километри длабочини, што е многу блиски до површината, што го објаснува размерот на разорувањето во Лорка, истакнуваат авторите на истражувањето.

Гонзалес и неговиот тим откриле дека нивото на подземните води на сливот на локалната река Алто Гуадалентин се намалила за 250 метри во периодот меѓу 1960 и 2010 година преку извлекување на водата.

Компјутерската симулација укажува дека тоа намалување на нивото на подземните води довело до напукнување на дел од земјината кора во областа на Алхама де Мурсиа.

Тоа предизвикало еластична реакција на кората која го зголемила притисокот врз пукнатината и довела до точка на пукнување.

„Нашите резултати потврдуваат дека човековите активности може да дејствуваат на видот и времето на појавата на земјотресите“, наведуваат авторите на статијата.

Во одвоен коментар за магазинот, геологот Жан-Филип Авуак од Калифорнискиот институт за технологија (Caltech) истакнува дека излекувањето на водата за потребите на човекот веројатно го забрзало природниот процес, но и дека не е само тоа што делувало на придвижувањето на потресот.

Авуак, оттаму, повикува на поголема претпазливост за да се избегнат пертурбациите на подводниот слој, особено на плановите за складирање на јаглерод диоксид под земјата кои би делувале на голема површина на земјината кора.

„Знаеме како да придвижиме земјотрес, меѓутоа уште сме многу далеку од можноста да ги контролираме“, нагласува американскиот научник.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: