Фантастичен пресврт на Рома против Џенова

Екипата на Рома, со пресврт, стигна до трите бода во Џенова, откако домаќинот имаше предност од 2:0, во последниот натпревар од осмото коло, во Серија А.
На „Луиџи Ферарис“, Џенова по 15 минути со головите на Кучка и Јанковиќ поведе против Рома со 2:0, но до крајот на мечот, гостите од Рим четири пати го матираа Фреј. Тоти, на два пати Освалдо и Ламела беа стрелци за екипата на Зденек Земан. Резултати: Каљари-Болоња 1:0 Аталанта-Сиена 2:1 Киево-Фиорентина 1:1 Интер-Катанија 2:0 Палермо-Торино 0:0 Парма-Сампдорија 2:1 Удинезе-Пескара 1:0 Џенова-Рома 2:4 Јувентус-Наполи 2:0 Лацио-Милан 3:2.
Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: