Фалкао погоди, Атлетико победи

Извонредниот Колумбиец, Радамел Фалкао, уште еднаш ја потврди високата класа и ја истакна својата кандидатура за најдобар стрелец во примера во оваа сезона, откако му ја донесе победата на Атлетико Мадрид во Сан Себастијан.
Фалкао погоди во 89-та минута, за победа над Реал Сосиедад со 1:0. Атлетико, по осум кола има 22 бода, исто колку што има и Барселона, двете екипи немаат пораз во досегашниот дел од сезоната. Резултати: Хетафе-Леванте 0:1 Еспањол-Рајо Ваљекано 3:2 Гранада-Сарагоса 1:2 Осасуна-Бетис 0:0 Реал Сосиедад-Атлетико Мадрид 0:1 Малага-Ваљадолид 2:1 Реал Мадрид-Селта 2:0 Валенсија-Атлетик Билбао 3:2 Ла Коруња-Барселона 4:5 Осмото коло во Примера, во понеделник, ќе го комплетираат Севилја и Мајорка.
Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: