четврток, 12 ноември 2026
Најново

Мртовечница станува хотел

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Австралиски бизнисмен сака да претвори напуштена мртовечница на психијатриската установа на островот Тасманија во мал хотел, надевајќи се дека ќе ги воодушеви гостите во потрага за оригиналност со обдукциски маси и фрижидери за мртовци.
Мртовечницата „се уште има обдукциски маси изработени во мозаик и фрижидери. Тоа е прекрасно“, изјави сопственикот Хадјин Пирс, трговец со антиквитети кој зградата ја купил пред неколку години. „Ќе ставиме брачен кревет во една од просториите, имаме три обдукциски маси кои ќе послужат како лежај и два фрижидера за мртви тела кои исто така можат да послужат“, рече Пирс. Мртовечницата која датира од 50-сетите години е една од зградите на психијатриската болница Вилов Корт, историско здание кое постепено се реставрира.
Макфакс

Поврзани вести