Како да ви се покорува на секоја желба

Ви се чини дека секоја стратегија е неостварлива и невозможна, но сепак тајно се надевате на чудо бидејќи толку многу го сакате? И само си велите дека нема невозможни нешта и дека тој кај и да е ќе попушти.. Но што до тогаш? До тогаш следете го овој едноставен но генијален план на дејствување.

Облекувајте се, девојки!
Секс експертите не престануваат да не убедуваат дека во облеката треба да има доза таинственост, за да ја разбуди љубопитноста, а не само гола кожа. Можеби мислите дека сте неодолива во кратко кожно здолниште, мрежестите хулахопки и длабоко деколте, но тоа е само на почетокот. Или само за една вечер – ништо повеќе. Ако сакате сериозни односи, бидете претпазливи. Фустан до колена, фини хулахопки и елегантни чевли – нема маж кој може да одолее на Одри Хепберн изгледот.

Излезете со не многу симпатичен маж
Ви се случило ли да откажете состанок со некој само затоа што е глава понизок од вас? Не станувајте снобови. Можеби неговите предности можат да бидат далеку подобри од само физичкиот изглед. Дури и ако меѓу вас не пламнат искри, вие едноставно ќе се чувствувате убава и посакувана, опкружена со внимание. И ќе го запаметите ова чувство.

Импровизирајте
Никогаш не го оптоварувајте дечкото со премногу ентузијазам – директно ќе го исплашите. Ако сретнете во друштвото на пријатели нов и интересен маж, држете си ги вашите чувства за вас и поздравете се прво со оние кои ги познавате, а дури тогаш подарете му една сјајна насмевка, бидејќи во спротивно ќе си помисли дека не ви е интересен.

Имајте сопствено мислење
Ќе му се здосадите, ако постојано се согласувате за сè. Може и да се облекува убаво, да слуша квалитетна музика и да поседува добра смисла за хумор, но сепак директно кажете му дека фудбалот воопшто не ве интересира. Нека ви се спротистави, ако сака.

Однесувајте се како Пепелашка
Односно – не заминувајте последна од барот, колку и да ви се останува. Не чекајте да го затворат, едноставно фатете ги моментите пред кочијата да ви се претвори во тиква. Вака, интересот кон вас сигурно ќе се зголеми. Тој ќе побрза да ви закаже нова средба.

Пронајдете не на следниве мрежи: