Членките на Пуси Рајот испратени во работни логори далеку од Москва

Двете девојки од рускиот панк бенд Пуси Рајот, осудени на две години работен логор заради перформанс против Путин изведен во катедрала во Москва, се упатени на издржување на казната далеку од Москва, во областите Перм и Мордовија.
„Семејствата дојдоа да им донесат храна, кога разбраа дека Надежда Толокоњикова е испратена во околината на Мордовија(500 километри источно од Москва), а Марија Аљохина во околината на Перм(Урал), изјави во понеделник Виолета Волкова, адвокатка на девојките, додавајќи дека преместувањето било извршено во саботата. Младите жени сè уште патуваат до местото каде што ќе ја отслужуваат казната. Девојките од Пуси Рајот, Толокоњикова, Аљохина и Екатерина Самуцевич се осудени во август на две години работен логор заради „хулиганство“ и „поттикнување на верска омраза“ откако во февруари во катедралата на Христос Спасителот во Москва отпеале „панк молитва“ против рускиот претседател Владимир Путин. Пресудата на Толокоњикова и Аљохина ја потврди и второстепениот суд на 10 октомври, а казната за Самуцевич е претворена во условна и ослободена е во судската постапка. Настанот силно одекна во медиумите, а многумина ја критикуваа пресудата оценувајќи ја за несразмерна со извршеното дело.
Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: