Чикарито слободен за 15 милиони евра

Фудбалскиот репрезентативец на Мексико, Хавиер Чикарито Ернандез, уште во јануарскиот преоден рок би можел да го напушти Манчестер Јунајтед.
Чичарито, оваа сезона не е во прв план кај менаџерот Фергусон, кој по секоја цена се обидува да го донесе во тимот играчот на Борусија Дортмунд, Роберт Левандовски. Интерес за Чичарито, чија цена изнесува 15 милиони евра, покажуваат Атлетико Мадрид и Фиорентина. Цената на Мексиканецот за Атлетико не преставува проблем, тие во јануари најверојатно ќе го продадат Радамел Фалкао, кој е проценет на околу 50 милиони евра. Фиорентина за Чичарито е подготвена да издвои осум милиони евра, но „виолетовите“ можат на напаѓачот да му понудат 80.000 фунти недела плата, колку што тој заработува во Манчестер Јунајтед.
Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: