Левандовски: Не се плашам од дефанзивците на Реал, само сакам Пепе да игра чисто!!!

Дортмунд утре му гостува на тимот на Реал од Мадрид, напаѓачот на Германскиот бундес-лигаш, Робер Левандовски самоуверен во пресрет на овој натпревар, вели дека воопшто не се плаши од противничките дефанзивци, само очекува Пепе да биде фер и коректен во дуелите.
„Не се плашам, можете да бидете сигурни во тоа. Потполно добро знам какви играчи имаат во одбранбената линија, но не се плашам воопшто. Само се надевам дека Пепе ќе игра чисто и тогаш нема да имам никакви проблеми околу тоа“ вели Полскиот интернационалец во редовите на Борусија Дортмунд.

Пронајдете не на следниве мрежи: