Реал ќе го продаде Роналдо за да ги купи Бејл или Фалкао

Мадридски Реал најверојатно би го продал Кристиано Роналдо и со парите од таа продажба би се вклучил во трката за потписите на Герет Бејл (Тотенхем) и Радамел Фалкао (Атлетико Мадрид).
Се шпекулираше дека наводно претседателот на Реал, Флорентино Перез се договорил со Роналдо околу зголемување на неговата плата од 9,5 на 15 милиони евра годишно, но, како што пренесуваат шпанските медиуми работата се искомпликувала.
Договорот на Роналдо со екипата на Реал од Мадрид истекува во 2015-тата година, но тимот од Мадрид не брза околу продолжување на договорот.

Пронајдете не на следниве мрежи: