Бензема бира помеѓу ПСЖ и Арсенал

Напаѓачот на екипата на Реал Мадрид би можел да се префрли во редовите на тимот од Париз, ПСЖ, односно тимот од Лондон, Арсенал, пренесуваат шпанските медиуми.
Екипата на ПСЖ според информациите кои ги пренесуваат шпанските медиуми, би сакале да во нападот покрај Ибрахимовиќ биде токму французинот Карим Бензема и со тоа да креираат сосема квалитетен напад за големи дострели.
Од друга страна, интересот на Арсенал за ангажман на Бензема е голем, Венгер смета дека токму овој напаѓач би бил идеална замена за Робин Ван Перси кој се префрли во тимот на Манчестер Јунајтед.

Пронајдете не на следниве мрежи: