Познатите станаа дизајнери

Loading...

Низ годините сме слушнале приказни за многу познати личности кои велеле дека страст им е опремување на домови, или дури и некои кои отишле до таму да лансираат своја линија на мебел.Некои од нив се родени за тоа (глумците и пејачите се, по правило, креативни, па зошто не би можеле да дизајнираат?). Но понекогаш некои познати личности малку изненадуваат.
Додека Justin Timberlake веќе го покажа своето чувство за дизајн со тоа што се придружи на Estee Stanley и го основаше Homemint, од каде излезе фантастичен мебел, помислата дека NBA играчот LeBron James сака да дизајнира мебел за деца е по малку… чуден.
Од Lenny Kravitz, Jane Seymourпа до Gwyneth Palthrow, погледнете уште кои ѕвезди се имаат испробано како дизајнери.
P. Diddy – познат по неговата музика, филмските улоги, неговите забави во бело и неговата модна линија, суперѕвездата има и своја линија на мебел под името на неговата модна куќа Sean John.

Cindy Crawford – поранешниот супермодел го канализираше своето познавање од модата во луксузен, освежувачки домашен мебел под името Cindy Crawford Style for JCPenny.

Eva Mendes – Eva има своја линија во Macy’sпродавниците за мебел, наречена Vida, во која посебно ги изразува своите латински корени. 

Beyonce – дизајнерската куќа на поп-дивата Beyonce, наречена House of Dereonнуди постелнини за кревети и завеси кои се навистина создадени за една дива како што е Knowles.

 
Прочитајте ги и следниве статии:
Најобразованите во Холивуд
Кои се најхуманите ѕвезди во Холивуд
Холивудските деца-порано и денес
 
 
 
 

loading...
Loading...