48-годишна жена преку лажен профил се претставувала како 24-годишна убавица и измамила наивни мажи да и дадат илјадници долари

Судот во Велика Британија објави дека 48-годишната Џејн Динс била уапсена и осудена за измама откако успеала да убеди повеќе наивни мажи да и пратат илјадници долари, преправајќи се дека е млада убавица.Жената направила лажни профили на интернет страница за љубовни средби и измамила 7 жртви. Таа сега се соочува со казна од 18 месеци до 2 години затвор.
На сослушувањето Џејн Динс се изјаснила дека е виновна по 7 основи за измама и лажно претставување.
Динс признава дека направила лажен профил со името Ники О’Брајан, и ги убедила луѓето дека е убава и витка 24-годишна медицинска сестра со финансиски проблеми.
Мажите и пратиле пари во вкупен износ од над 52.000 долари, откако „Ники“ барала да и се пратат на сметката на тетка и, што всушност била на Динс.
Адвокатот на жртвите изјави: „Динс сурово ги искористи своите жртви и ги измами земајќи им илјадници долари.“
„Овој случај ги потврдува опасностите на користењето интернет: Никогаш не нудете пари на некој што ќе го запознаете онлајн, бидејќи работите не се секогаш како што изгледаат, како што може да се види овде“, се вели во заклучокот.Жената направила лажни профили на интернет страница за љубовни средби и измамила 7 жртви. Таа сега се соочува со казна од 18 месеци до 2 години зат

Пронајдете не на следниве мрежи: