Фото: Во духот на мирот и пријателството, ЛЕКЦИЈА ПО НАВИВАЊЕ ЗА ЦЕЛ ФУДБАЛСКИ СВЕТ ОД ГРЦИТЕ И ТУРЦИТЕ!!!

Натпреварот од Европа Лига што се одигра вчера во Кипар помеѓу екипите на кипарски АЕЛ од Лимасол, и турски Фенербахче, беше натпревар од висок ризик, но, на изненадување на сите, тие всушност покажаа и докажаа како се навива, како се бодри тимот, и што е всушност фудбалот и глобално земено целиот спорт.
Прекрасна слика во Кипар, наместо дивеење, наместо инциденти и слични несакани работи, натпреварот го одбележа пресвртот што ретко кој очекуваше.
За оние што го гледаа натпреварот јасно е едно, дека оваа слика не беше само на трибините, туку и на теренот. Во моментите кога фудбалерите на обата тима правеа фаули и на моменти кога можеше да дојде до тензија на теренот, фудбалерите едни со други си подаваа рака и сето тоа помина во неверојатна пријателска атмосфера што ретко кој ја очекуваше.

Пронајдете не на следниве мрежи: