Најскапите свршенички прстени во Холивуд

Loading...

Свршувачката е многу важен и посебен момент во животот на секој човек, а оние кои имале повеќе среќа од другите, тоа можат да го одбележат со тоа што на својата дама ќе и купат многу скап свршенички прстен, извонреден показател за општествениот статус што го уживаат.Од време на време, излегуваат приказни во јавноста за најскапите прстени во светот, направени од скапоцени камења и благородни метали како злато, платина и сл. 
Еве некои од најскапите свршенички прстени кои познатите ги подарувале до сега.
Beyonce
Jay Z е познат по својот екстравагантен стил на живеење. Тој го отвори своето срце (и својот џеб) надевајќи се дека така полесно ќе ја убеди дивата да ја прифати неговата понуда. И подари прстен од 20-каратно бело злато, со 18-каратен дијамант во неговиот центар. Цената била неверојатни 5 милиони долари. 
Paris Hilton
Paris Hilton е повеќе позната по своитеспособности да ја маѓепса јавноста со своите постапки вон екраните, отколку што е позната по своите вештини кои ги покажува на нив. Paris Latsis и подари прстен украсен со 24-каратни дијаманти. Цената на овој прстен била 4.7 милиони долари. Hilton не била воодушевена, таа го сменила за поедноставна верзија од Cartier. 

Kim Kardashian
Огромниот дијамантски свршенички прстен на Kim го чинеше Kris цели 2 милиони долари. Смешно е што бракот кој беше крунисан со овој прстен траеше само 75 дена. Kim одбила да му го врати прстенот на Kris. 

Jacqueline Kennedy
Jackie Kennedy добила вистинско ремек-дело од прстен за својата свршувачка од тогашниот сенатор John F. Kennedy. Сенаторот потрошил цело богатство од 1.5 милиони долари на овој прекрасен прстен украсен со дијаманти и огромен смарагд. 

Jennifer Lopez
J-Lo го заслужи своето место на овој список благодарение на нејзиниот поранешен сопруг, Ben Affleck, кој “фрли” неверојатни 1.2 милиони долари за да и ја докаже својата љубов на преубавата латиноамериканка. 

 

loading...
Loading...