Разнишана атмосферата во Реал

Бура од незадоволство во тимот на Реал од Мадрид, имено, шпанските медиуми пренесуваат дека дел од фудбалерите се лути на Мурињо поради неговата идеја да игра со Есиен на левата бековска позиција.

Критики доаѓаат и од капитенот, Икер Касиљас…

„На сите ни е јасно дека најслаби бевме на левата бековска позиција, токму на таа страна Борусија имаше предност“ вели Икер Касиљас.

Инаку, ова не е прв пат Мурињо да експериментира на таа позиција, тој на таа позиција ги ставаше и Коентрао и Алтинтоп на дуелите со Барса, и обата ги изгуби.

Пронајдете не на следниве мрежи: