5 вистински приказни за татковци кои се вмешале во љубовниот живот на нивните деца

Татковците се навистина неверојатни. Сите се различни, но сите го сакаат најдоброто нешто за нивните деца. Секогаш ги интересира што се случува во животот на нивните најмили, а понекогаш дури и се обидуваат да се вмешаат таму. Погледнете ги овие вистински приказни во кои татковците се вмешале во љубовниот живот на нивните деца.
5 вистински приказни за татковци кои се вмешале во љубовниот живот на нивните деца
„Првиот пат кога едно момче ме покани на состанок бев во средно. Им кажав на родителите дека ќе ме земе од пред куќа. Татко ми инсистираше да дојде до надвор и да се поздрави со него. Мислам дека му годеше класичната улога на татко. Едвај чекав да заврши тој дел од вечерта и да одам на состанок со момчето. Но, на нив двајца им тргна разговорот и 20-тина минути разговараа за играта ‘Pacman’. Години подоцна, моето сеќавање од таа вечер е како ги чекам да завршат со разговорот.“ – Хана, 25


„Оваа случка не е за мојот татко… Бев на прв состанок со девојка додека бев прва година на факултет. Нејзиниот татко ѝ се јави. Знаеше дека е на состанок, па таа помисли дека станува збор за нешто итно. Тој само сакал да му однесе вечера бидејќи бил гладен. Таа беше навистина засрамена во текот на вечерта и претпостави дека никогаш повеќе нема да ѝ се јавам. Сега сме заедно речиси 2 и пол години.“ – Анонимен
„Првиот пат кога татко ми го сретна моето прво момче почна да си го остри ножот за месо и го праша дечко ми кои му биле намерите. Се разбира, не требаше да го сфати сериозно, но интересно е што татко ми воопшто не е нападен тип.“ – Женевив, 25
„Дојде момчето да ме земе за да одиме на состанок. Моето куче Миси беше на подот и си ги лижеше женските делови. Како да тоа не беше доволно лошо, па во собата влезе татко ми и му рече на момчето: Сигурно сакаш да можеш да го правиш тоа. На момчето веќе му беше неудобно, но му рече: Се разбира. Тогаш татко ми го погледна во очи и му рече: Веројатно ќе те касне.“ – Анонимна
„Кога мојот екстремно грижлив татко го сретна моето тогашно момче му кажа дека е сопственик на градежна фирма и дека ќе му направи пар бетонски чевли ако направи нешто лошо. Со други зборови, ако јас не сум среќна, нема да биде ни тој. Бидејќи бившиот ме игнорираше цела недела и ми раскина по телефон пред некој ден, едвај чекам да видам како ќе му стојат чевлите. Шега настрана, навистина сум среќна што имам татко кој е толку заинтересиран за животот на неговото дете.“ – Доминик, 20

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.