четврток, 12 ноември 2026
Најново

5-годишната ќерка на Ким Кардашијан веќе знае да го контурира лицето

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Со оглед на тоа дека нејзината мајка Ким Кардашијан Вест поседува мултимилионерска козметичка компанија, не е чудно што 5-годишната Норт Вест веќе добро е запознаена со светот на шминката.
Оваа година, веќе имавме прилика да ги видиме нејзините мејкап вештини, а добро ги насмеа фановите на Ким и овојпат.
Ким уште еднаш на својето Инстаграм-стори ги сподели уникатните вештини за шминкање на нејзината ќерка Норт, која овојпат одлучила да го контурира лицето.

 Гордата мајка на шега ја нарекла Норт кралица на контурирањето, а во сторито, после оваа објава, ја искористила својата ќерка за рекламирање на својата “Classic Blossom”колекција од нејзиниот бренд “KKW beauty”. Имено, на втората снимка, Норт и Ким се возат во автомобил, а малото девојче на усните носи кармин од споменатата колекција.

Поврзани вести