5 начини како да се заштитите од туѓите енергии

Ние сме постојано опкружени со луѓе. Во училиште, на факултет, на работа, во секојдневниот живот постојано има луѓе околу нас .
Некои луѓе ни пренесуваат прекрасни енергии и со нив гледаме да го поминеме целото слободно време, додека пак некои луѓе ни ја црпат целата енергија и по средбата со нив се чувствуваме исцрпено и уморно. Тоа се таканаречени енергетски вампири кои се хранат од позитивната енергија на луѓето.
Бидејќи не е секогаш возможно да избегнуваме луѓе, ниту пак можеме да се затвориме дома да не излеземе додека не се наполниме повторно, има неколку начини како можете да се заштитите од ваквите луѓе и од луѓето кои ве полнат со негативна енергија.Кристали – Кристалите нудат заштита од каква и да е негативна енергија. Тие исто така не заштитуваат од електро-магнетски енергии. Одберете го кристалот кој највеќе ви одговара.


Јога – Кратко дневно практикување на јога е многу моќна алатка, заради медитацијата и здравствените придобивки кои доаѓаат со јогата. Јогата помага да бидете балансирани и да ја градите енергијата во вашето тело. Јакото тело дејствува како невидно штитно поле кое ги одбива негативните енергии.
Пеење – Низ текот на историјата познати се многу племиња кои користеле пеење и музика за најразлични намени: бркање на лошите духови, лечење и слично. Пеењето ги крева вашите фреквенции и едноставно ја отфрла негативната енергја во вас. Ако се чувствувате исцрпени обидете се ја да испеете вашата омилена песна и веднаш ќе забележите резултати.
Затворете ги очите – Ова се разбира треба да го правите само кога е безбедно. (Не додека одите или возите) Кога човек ќе се најде себеси во место преполно со различни енергии, место со премногу бучава, едноставното затворање на учите може да го заштити човек од најразличните енергии кои ве напаѓаат. За поголема ефективност употребувајте некои од техниките за дишење.
Балансирајте ги хормоните – Ова е можеби најважната техника и за мажите и за жените, затоа што хормоните се директно поврзани со нашите чакри. Ова значи дека тие имаат влијание врз вашите физички, но и енергетски тела. Ако вашите хормони излезат од контрола, тогаш нема да можете да ја балансирате вашата сопствена енергија, а уште помалку да се справувате со енергиите на другите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.