5 најчести причини за болки во грбот: Еве кога е време да посетите лекар

Според физиотерапевтот Кристофер Морин, хроничната болка може да потекнува од различни делови на ‘рбетниот систем, поради што понекогаш е тешко прецизно да се утврди изворот на проблемот.

Понекогаш тоа е резултат на физички напор, кревање товар или ненадејно движење, но ако симптомите не поминат повеќе од три месеци, се смета дека преминало во хронична форма, а потоа откривањето на причината е често посложено.

Затоа, дијагностиката се спроведува во неколку фази.

Контрола кај докторПроценува симетрија на телото, подвижност, рефлекси, присуство на болка, пецкање, вкочанетост или слабост. Доколку постои сомневање за промени во пршлените или нервите, се вршат дополнителни анализи, рендген, магнетна резонанца, скенер, ПЕТ скенирања, лабораториски анализи или тестови за нервна спроводливост.

Меѓу најчестите причини за долготрајна болка во грбот се повредите, фибромијалгијата, дегенеративните промени на дисковите, воспалителните заболувања на ‘рбетот, фрактурите поради остеопороза и стеснувањето на ‘рбетниот канал.

Акутната болка најчесто се јавува поради преоптоварување за време на физичка активност или неправилно движење, а обично поминува со одмор и ладни или топли облоги. Може да се користат и лекови против болки како што се парацетамол и нестероидни антиинфламаторни лекови.

Конзервативни методи

Лекови против болки, физикална терапија и некои алтернативни пристапи како што се акупунктура, киропрактика, масажа, јога итн. Помагаат и промените во животните навики : повеќе движење, губење на вишокот килограми и исхрана што ги намалува воспалителните процеси. Во потешки случаи, пациентот се упатува кај специјалист, а ако дури и тогаш нема напредок, може да се користат посилни лекови, инјекции или операција.

Промените во секојдневниот живот помагаат и на долг рок. Студија од 2024 година покажа дека само 20 минути умерено или енергично движење дневно и околу 40 минути помалку седење можат значително да спречат влошување на симптомите.

Губењето на тежината го опушта ‘рбетот, а храната богата со антиоксиданси и омега-3 масни киселини помага во намалувањето на воспалението.

Некои од најчестите состојби што предизвикуваат хронична болка во грбот се:

Фибромијалгија

Освен во грбот, болка се јавува и во вратот, рамената, колената и другите делови од телото, а карактеристични се и чувствителните точки. Терапијата вклучува специјализирани лекови, а често се користат помали дози на антидепресиви за ублажување на болката и подобрување на сонот.

Дегенеративни промени на дискот

Дисковите меѓу пршлените ослабуваат со возраста и можат да притискаат врз нервите, па болката се влошува при свиткување и вртење. Третманот може да вклучува лекови против болки и воспаленија, мускулни релаксанти, а во потешки случаи, минимално инвазивни процедури како што е дисектомија.

Спондилоза

Воспалителна болест која го зафаќа ‘рбетот и предизвикува болка во грбот, колковите и карлицата. Доколку стандардните лекови не делуваат, се користат биолошки терапии.

Остеопороза

Само по себе не предизвикува болка, но поради слабеењето на коските, го зголемува ризикот од фрактури на пршлените, што доведува до силна болка. Третманот вклучува шини, лекови против болки, додатоци на витамин Д и калциум и лекови за зачувување на густината на коските.

Спинална стеноза

Со стеснувањето на ‘рбетниот канал, нервите почнуваат да трпат притисок, што предизвикува вкочанетост и болка во грбот и нозете. Болката се влошува при одење и стоење, а се смирува при седење или наведнување напред. Доколку терапиите не успеат, следната опција е операцијата.

Третманот на хронична болка бара трпение и комбинирање на неколку методи сè додека не се пронајде она што најмногу му одговара на пациентот, напиша „Хелт Харвард“ .
The post 5 најчести причини за болки во грбот: Еве кога е време да посетите лекар appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: