четврток, 26 ноември 2026
Најново

5 причини зошто патничките авиони се бели: 3 што сигурно не ви паѓаат на ум

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Можеби не сте знаеле дека околу 99 проценти од патничките авиони во светот се бели, ако ги исклучите натписите на компанијата на нив. Постојат причини за ова во авијациската индустрија .

Пукнатини, протекување на масло

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Пукнатините, протекувањето на масло и сличните проблеми најлесно се забележуваат на белата боја, па затоа оваа боја овозможува побрзо поправање на дефектите.

Топлина и светлина

Белата боја најдобро ги рефлектира топлината и светлината и е најдобра за спречување на прегревање на металот.

Бледнее најбавно

Белата боја бледнее најбавно, па затоа авионот, за време на својот „ран живот“, се пребојува поретко.

Заштеда

Боењето авион е долга и напорна работа. Потребни се помеѓу два дена и две недели за целосно пребојување на целиот авион.

Не вреди

Компаниите ретко купуваат авиони што не се бели, па затоа производството на авиони во други бои не е профитабилен бизнис.

Поврзани вести