5-те најчудни и најфасцинантни технолошки пронајдоци од 2025 година – иновации што мора да се видат

Годината 2025 донесе низа технолошки иновации кои до вчера изгледаа како научна фантастика, но денес полека наоѓаат место во секојдневниот живот.

Роботите и паметните уреди базирани на напредна вештачка интелигенција особено се издвоија – од домашни асистенти и дигитални придружници до необични гаџети што ја бришат границата помеѓу технологијата и емоциите, пишува Euronews .

Меѓу најнапредните решенија е хуманоидниот робот NEO, дизајниран да помага со домашните работи.

Овој робот може да реагира на гласовни и рачни команди преку апликацијата, а неговата улога не е само практична – чисти, го организира просторот, пакува алишта, наоѓа изгубени предмети, но и танцува и комуницира со домаќинството.

Благодарение на Wi-Fi и Bluetooth конективноста, NEO може да функционира и како мобилен мултимедијален центар, што покажува колку роботите се блиску до улогата на домашни асистенти на иднината.

Машината со вештачка интелигенција за капење и нега на кучиња „Woofwoof Lux“, наменета за сопственици кои сакаат да им обезбедат на своите миленици нежно и безбедно капење без стрес, исто така привлече големо внимание од јавноста.

Уредот користи контролирани млазници вода и специјални шампони, прилагодени на чувствителната кожа на животните, што го претвора процесот на нега во автоматизирано и пријатно искуство.

Мируми, мала плишана играчка опремена со сензори, се издвојува во категоријата необични, но емоционално ориентирани пронајдоци. Таа ги движи очите, реагира на близината на луѓето и може да се закачи за торби или други предмети.

View this post on Instagram A post shared by mirumi (@mirumi_tokyo)

Особено е интересно што „покажува срам“ кога се набљудува или допира предолго , со што се создава илузија на личност и емоции. Неговата продажба е планирана за 2026 година.

Ропет, мал роботски придружник што се вклопува во дланката, следи сличен концепт. Ропет препознава лица, се сеќава на интеракциите и реагира на движењата на рацете, додека на допир реагира со нежни вибрации.

Иако не му е потребна храна или класична нега, тој е развиен за позитивно да одговори на вниманието на корисникот, што го прави дигитален миленик од новата генерација.

Меѓу пронајдоците што ја замаглуваат линијата помеѓу технологијата и човечкото тело е „Skincase“, силиконска футрола за мобилен телефон што ја имитира човечката кожа. Таа реагира на сончевата светлина и УВ зрачењето со промена на бојата, што ја прави еден од најнеобичните примери за спојување на дизајнот, технологијата и биологијата.

Посебно внимание привлече и „Арија“, хуманоиден робот од американската компанија „Реалботикс“, дизајниран да обезбеди емоционална поддршка . Опремен е со напредни системи за препознавање објекти, следење на погледот и комуникација, со можност за интеграција со „ЧетГПТ“.

Цената на овој робот почнува од околу 10 илјади долари за основниот модел, додека најнапредните верзии достигнуваат до 175 илјади долари. Компанијата нагласува дека Aria е наменет за емоционална поддршка и разговор, а не за физичка интимност.

Сите овие пронајдоци јасно покажуваат дека технологијата во 2025 година не е само практичност, туку и создавање емоционална врска со корисниците. Роботите и паметните уреди сè повеќе стануваат придружници, асистенти и дел од секојдневниот живот, најавувајќи свет во кој линијата помеѓу човекот и машината ќе станува сè потенка.
The post 5-те најчудни и најфасцинантни технолошки пронајдоци од 2025 година – иновации што мора да се видат appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: