5 јасни показатели дека сте натпросечно интелигентни

Иако интелигенцијата најчесто се тестира со тестови наменети за таа цел, одредени знаци можат да ви дадат до знаење дека сте натпросечно интелигентна личност.
Некои од нив се социолошки, некои се од физичка природа, но важно е да се напомене дека на ниту еден од нив не може да влијаете.
Еве за кои знаци станува збор:
1. Имате малку пријатели
Опкружени сте со мал број луѓе на кои може да им верувате? Одлично, тоа значи дека сте направиле селекција и дека знаете кој ви е лојален. Наспроти тоа, помалку интелигентните луѓе постојано сакаат да бидат видени во големи друштва и многумина ги сметаат за „добри пријатели“.
2. Смисла за хумор
Духовитите луѓе се поинтелигентни, а тоа е докажано во американско истражување во кое студентите креирале свој стрип. Поинтелигентните студенти имале значително похумористични досетки за разлика од оние со пониско IQ.


3. Многу рано сте научиле да читате
Два британски универзитети, во Единбург и Кралскиот колеџ во Лондон, спроведоа истражување на близнаци и докажаа дека близнакот кој научил порано да чита бил поинтелигентен од својот брат или сестра.
4. Вашата мајка ве родила на постари години
Друго британско истражување докажа дека децата чии мајки биле во 30-тите или дури во 40-тите години кога ги родиле биле значително поинтелигентни. Истражувањето е направено на група испитаници во која скоро сите личности кои биле родени од повозрасни мајки имале поголем коефициент на интелигенција од оние чии мајки ги родиле во 20-тите години.
5. Имате генетски поголем задник
Освен што е докажано дека жените со поголем задник се поздрави, научници од Оксфорд докажаа дека тие исто така се поинтелигентни од жените со помал задник.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.