5 митови за кондомите во кои многумина сè уште веруваат

Презервативот или кондомот е контрацепциско средство со најраширена употреба.Освен заштита од несакана бременост, има голема улога и во спречување на ширење на сексуално преносливи болести. Но, иако денес се достапни речиси насекаде, многу луѓе и понатаму веруваат во некои митови за овие „гумени заштитници“. 
1. Ставањето на лубрикант врз кондомот ќе го спречи неговото пукање
Вистина: Лубрикантите врз база на масло и силикон всушност можат да го оштетат кондомот.
2. Кондомот штити од сите сексуално преносливи болести
Вистина: Кондомите не пружаат целосна заштита од генитален херпес, ХПВ, сифилис и срамни вошки. Презервативот не е доволна заштита ни кај херпес тип 2, односно генитален херпес, ниту кај херпес тип 1, односно орален херпес за кој неодамна се открило дека може да се пренесе и по сексуален пат. Кај ХПВ како и кај херпесот, може да се случи личноста со години да боледува без никакви симптоми и да не знае дека е болна, но може да му ја пренесе болеста на партнерот.
3. Ако сте алергични на латекс не можете да користите кондоми
Вистина: Можете да користите кондоми изработени од полиуретан и полиизопрен.
4. Добро е да се чуваат кондомите во паричник
Вистина: Чувањето на едно пакетче кондоми во паричникот подолго време може да го истенчи материјалот од кој е направен кондомот и на него може да се направат ситни дупчиња.
5. Користењето на два кондоми одеднаш ја удвојува заштитата
Вистина: Користењето на два кондоми одеднаш всушност ја намалува заштитата бидејќи се создава поголемо триење и поголема е можноста од пукање на презервативот.Освен заштита од несакана бременост, има голема улога и во спречување на ширење на сексуално преносливи болести. Но, иако денес се достапни речиси

Пронајдете не на следниве мрежи: