5 работи кои треба да ги знаете за нејзиниот оргазам

Ако го замислите сексот како школа, тогаш женскиот оргазам е најважната лекција која треба да ја совладате. Слично како и женскиот ум, тој е еден од најкомплексните феномени, за кој е тешко да се разберат.
Обрнете внимание на овие совети, кои треба да ги знаете:
За добрите работи потребно е време
Истражувањата покажаа дека на жените им требаат 15-40 минути да постигнат оргазам. Мажот може да го доживее својот после две минути. Поради тоа жените се преокупирани со темата дека сексот може да потрае, па затоа глумат оргазам или остануваат без него. Но опуштеноста е најважна за женскиот оргазам. Затоа, ако се грижите за партнерката, треба да ѝ дадете до знаење дека ќе бидете среќни ако сексот потрае и ако таа дојде до оргазам. Започнете со масажа, така ќе ѝ помогнете да се опушти, а потоа продолжете со жешките игри во кревет.
Славете ја нејзината голотија
Женскиот оргазам е емоционално искуство и физичко искуство. И додека за мажот облеката е пречка кон уживањето, таа можеби се чувствува посигурно. Можеби за вас нејзиното тело е секси и привлечно, но таа нема да го знае тоа ако вие не ѝ кажете и покажете стотина пати. Дајте ѝ до знаење дека е прекрасна кога ќе ја соблече облеката.
Повеќекратен оргазам
Ова сепак не е мит. Некои жени може да имаат повеќекратен оргазам. Постојат два вида, оној кога оргазмите се издвоени со временски интервал од 2-3 минути, и оние кои се со временски интервал од само неколку секунди. Откако жената ќе доживее оргазам можете да продолжете да ја бакнувате и допирате, додека клиторисот треба да се одмара, додека нејзиното дишење не се смири. Ако таа позитивно реагира, продолжете да го стимулирате клиторисот и таа може да доживее повторно оргазам.
Постојат повеќе начини
Иако е многу посложена работа, женскиот оргазам, има два начина кои може да ви го олеснат патот дотаму. Жената може да дојде до врвот со стимулација на клиторисот, а може и со стимулација на Г-точката. Технологијата е на ваша страна. Во понудата меѓу секс играчките постојат работи кои ќе ви помогнат да се стимулираат двете точки истовремено. Прочуениот зајачки вибратор е еден од нив.
Користете го јазикот
Истражувањата покажаа дека повеќето жени лесно достигнуваат оргазам за време на оралниот секс, а постои и анатомска причина за тоа. Повеќето чувствителни нервни завршетоци кај жените се наоѓаат во клиторисот и околу вагиналниот отвор. Покажете ѝ колку сте вешти со јазикот и пријатно ќе ја изненадите.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
 Ако го замислите сексот како школа, тогаш женскиот оргазам е најважната лекција која треба да ја совладате. Слично како и женскиот ум, тој е

Пронајдете не на следниве мрежи: