5 видови на диети кои нема да ви помогнат во процесот на слабеење

Loading...

Магичните диети кои можеби прават чуда, не помагаат во симнувањето на килограми. Многу брзи методи на слабеење се само моментална сламка за спас која брзо пука и не остава да се бориме со вишокот на килограми како знаеме и умееме.
Секој од нас барем еднаш во животот бил на диета. Доколку сте успеале да симнете некој килограм, по престанувањето на редуционираниот начин на исхрана тие се враќаат. Чести се и додатните килограми кои по неуспешната диета, доаѓаат со лечењето на фрустрации преку конзумирање на уште повеќе храна.
 Ви ги претставуваме петте видови на диети кои се дефинитивен промашај
 1.Диета со само еден вид на намирници
Диетите каде што се конзумира само еден вид на намирници долго време е штетна за организмот бидејќи не ги добива сите потребни хранливи материи. А по враќањето на нормално јадење, организмот ќе има потреба да си го поврати она што му било скратено за време на диетата. Единствена тајна за симнување калории е едноставна – внесувајте помалку калории отколку што согорува телото.
 2. Диета за чистење на организмот (диети за детоксикација)
Производите за чистење на организмот како разни чаеви и билни додатоци се непотребни и нефункционални бидејќи нашиот организам има свои природни механизми како жолчката и бубрезите кои детоксикацијата ја обавуваат успешно работата и немаат потреба од додатна помош.
 3.Чудни додатоци во исхраната
Додатоците во исхраната кои содржат различни ензими и за кои се тврди дека му помагаат на организамот во горењето на калории по оброкот, немаат никаков ефект во слабеењето. Производ со таква функција не постои.
 4.Долготраен пост и нискокалорична исхрана
Недоволниот внес на храна во огранизмот или на премалку калорична храна ќе биде контрапродуктивен. Организмот добива предупредување и пробува да чува дел од храната за “црни денови“. А кога ќе се вратиме во вообичаената исхрана, тој продолжува со сочувување на резерви уште некое време. Килограмите изгубени за време на ваквите диети се течности, масти и мускулно ткиво, а оние кои се враќаат по диетата се само масно ткиво.
5.Диета од соништата
Диетата која звучи предобро за да биде вистинска, веројатно е и таква. Внесувајте помалку калорична храна, и многу овошје и зеленчук, а што помалку маснотии и шеќер. На тоа додадете физичка активност.
   
 
 Магичните диети кои можеби прават чуда, не помагаат во симнувањето на килограми. Многу брзи методи на слабеење се само

loading...