5 видови на пијалоци кои предизвикуваат дебелеење

Веќе општо познат факт е дека газираните пијалоци не само што се нездрави, туку и се полни со шеќер, а знаеме како тоа лошо влијае на килограмите.Проблемот кај пијалоците лежи во тоа што не сме свесни за нивната количина на калории. Некако течноста секогаш изгледа помалку опасно од големиот хамбургер и порција помфрит, но тоа не е вистина. 
Знаеме дека газираните пијалоци треба да ги избегнуваме или да ги пиеме само во некои посебни прилики, а исто така сме свесни дека и алкохолните пијалоци имаат негативно влијание врз нашата линија. Но, ќе се изненадите дека и некои други пијалоци кои со задоволство ги консумираме се сѐ само не здрави. Секако, никој не вели дека треба целосно да ги избегнувате, но добро е да бидете свесни што сѐ внесувате во вашето тело преку таа една чаша.
Посебни видови на кафе
Во последните неколку години, кафето нуди многу повеќе опции од оние со топло или ладно млеко, а за тоа се најзаслужни големите кафетерии како Старбакс, чија понуда често се чини неверојатна. Но, неверојатни се и калориите кои се присутни во поединечни видови на кафе. На пример, леденото кафе кое можете да го купите на полиците во супермаркетите може да содржи над 24 грама шеќер по порција, а разновидни фрапучина дури и до 500 калории по шолја. Вратете се на почетоците и избирајте класично црно кафе кое нема да го загрози вашиот дневен внес на калории, особено ако во него не додавате шеќер и млеко.
Овошни сокови
Без разлика дали пиете свежо цеден сок или оној од тетрапак, овошните сокови не се најдобриот сојузник на вашата диета. Верувале или не, често одредени куповни сокови содржат повеќе калории отколку вашиот омилен газиран пијалок. Но, ова не значи дека треба да престанете да консумирате овошје, бидејќи тоа е неопходно за вашето здравје. Секогаш избирајте свежо цеден сок, но во него никогаш немојте да додавате шеќер и задржете се на една чаша.
Млеко
Факт – млекото во кафето и утринската овесна каша или житарици никого нема да здебелат. Но, млекото како пијалок ќе го направи тоа. На млекото треба да гледате како прехранбена намирница, а не како на пијалок кој ќе ве освежи и ќе ви ја изгаси жедта. На пример, една чаша млеко од 200 милилитри содржи 130 калории (доколку станува збор за млеко со 3,5% млечна маст) или 97 калории (млеко со 1,5% млечна маст) и 10 грама шеќер.
Леден чај
Сте го замениле омилениот овошен сок со леден чај бидејќи, како што велат производителите, содржи малку калории? Немојте да верувате на сите такви реклами и да “паднете” на куповните варијанти на овој освежителен пијалок. Во поголем дел од случаите ледениот чај е вистинска калориска бомба. Направете домашен леден чај, без да се сомневате во тоа колку шеќер содржи во себе.
Готово смути
Смутито е совршен избор за појадок или ужина кој одлично се вклопува со брзиот начин на живот. Често заради таа брзина воопшто немате време да приготвите домашно смути туку посегнувате по оние од најблиската продавница. Но, бидете внимателни – тие се збогатени со засладувачи кои ја зголемуваат количината на калории во едно шише. Секако претпочитајте сами да си приготвувате смути, но ако сте во брзање, изберете ги оние кои се приготвуваат во посебни смути барови.
 Проблемот кај пијалоците лежи во тоа што не сме свесни за нивната количина на калории. Некако течноста секогаш изгледа помалку опасно од големиот х

Пронајдете не на следниве мрежи: