Бундес Лига: Новески одличен, Борсија сигурна против Фрајбург

Екипата на Новески, германскиот бундеслигаш Мајнц со 3-0 целосно го надигра тимот на Хофенхајм а нашиот репрезентативец имаше забележителен настап, Борусија Дортмунд со 0-2 славеше на гостувањето кај Фрајбург.

Суботиќ во 54-тата минута постигна гол за водство на екипата на Борусија на гостувањето кај Фрајбург, вториот гол беше дел на Геце во 83-тата минута од мечот.

На дуелот Мајнц-Хофенхајм, домаќините славеа со 3-0, нашиот репрезентативец Николче Новески беше одличен во одбраната, а домаќините со головите на Џалаи во 21-вата, 46-тата и 64-тата минута издвојуваа висока победа.

Резултати…

Шалке-Нирнберг 1-0

Фрајбург-Борусија Дортмунд 0-2

Мајнц-Хохенхајм 3-0

Гројтер Фурт-Вердер 1-1

Дизелдорф-Волфсбург 1-4

Пронајдете не на следниве мрежи: