Супер-класико во Аргентина, на мегдан големите ривали Ривер и Бока

Вечерва со почеток од 19,30 часот се игра големото фудбалско-светски познато дерби, Ривер Плејт со Бока Јуниорс, фудбал за очи, борба на теренот како финале на светско првенство, и она што секогаш е „нумеро УНО“ во Јужна Америка, посебно на ова големо дерби, СПЕКТАКЛ ОД НАВИВАЊЕ НА ТРИБИНИТЕ.

Ривер Плејт машки се избори за враќање во елитното фудбалско друштво играјќи цела сезона во Втората Лига на Аргентина, покажувајќи и докажувајќи што е ГОЛЕМ КЛУБ СО ГОЛЕМА ТРАДИЦИЈА, освои 73 бодови кои беа доволно за да го освои првото место во Втората Лига и да се врати во Првата Лига на Аргентина, популарната „Примера Дивизија“.

Во меѓусебните дуели помеѓу овие големи ривали, на одиграни вкупно 28 натпревари, Бока води со 11 победи, Ривер има 7, 10 натпревари завршиле нерешено.

Според букмејкерите, Ривер е мал фаворит во овој дуел со коефициент за победа 2.30, за нерешено коефициентот се движи околу 3, додека пак за победа на Бока е предвиден коефициент близу 2.80.

Се очекува спектакл на „Монументал Антонио Веспучио Либерти“ стадидонот.

Пронајдете не на следниве мрежи: