Премиер Лига: Хернандез „екстра-џокер“ на Ферги, Евертон и Ливерпул одиграа нерешено

Loading...

Големото дерби во Англиската Премиер Лига заврши со победа на екипата на Манчестер Јунајтед со 2-3, повторно играч на натпреварот е Хернандез или популарниот „Чикарито“ кој го постигна победоносниот гол на мечот. На „Гудисон Парк“ дербито меѓу Евертон и Ливерпул заврши нерешено 2-2.

Давид Луиз со автоголот во 4-тата минута од натпреварот му подари водство на тимот на Јунајтед од 0-1, на 0-2 зголеми Ван Перси во 12-тата минута од мечот, пред паузата Мата намали на 1-2 во 44-тата минута.

Во вториот дел дојде до израмнување на резултатот преку Рамиреш во 53-тата минута. Хернандез е „џокерот“ на Фергусон стрелаше за 2-3 во 75-тата минута и стави точка на мечот.

Натпреварот беше доста тензичен, шест жолти картини и дури два црвени картони беа доделени на натпреварот, Ивановиќ и Торес од екипата на Челзи беа исклучени, првиот со директен црвен, другиот со втор и по автоматизам црвен картон.

На другото дерби, на „Гудисон Парк“ меѓу екипите на Евертон и Ливерпул мечот заврши 2-2.

Гостите водеа со 0-2 по само 20 минути игра, Баинес си постигна автогол, а Суарез постигна гол за 0-2 уште во 20-тата минута.

Но, само две минути подоцна Осман намали на 1-2, Нејсмит во 35-тата минута стрелаше за израмнување, така гласеше и конечниот епилог на мечот. И овој натпревар беше премногу тензичен, дури седум жолти картони беа доделени.

Резултати…

Евертон-Ливерпул 2-2

Њукасл-ВБА 2-1

Саутемптон-Тотенхем 1-2

Челзи-Манчестер Ј. 2-3

loading...
Loading...