Серија А: Фиорентина одлична, Неверојатен пресврт на „Олимпико“

Екипата на Фиорентина продолжува со одличните игри во Италијанската Серија А откако со 2-0 го доби дуелот на домашен терен против тимот на Лацио. Екипата на Рома на дуелот со Удинезе прокоцка водство од 2-0 за на крајот да изгуби 2-3.

Љаиќ во 45-тата минута му донесе предност на домаќинот на „Артемио Франки“, а конечните 2-0 ги постави Тони во 90-тата минута од мечот.

На „Олимпико“ мошне возбудлив дуелот меѓу Рома и Удинезе, домаќините преку Ламела во 22-рата и 24-тата минута имаа водство од 2-0 но до крајот на мечот го прокоцкаа. Во продолжение, Домици во 32-рата минута намали на 2-1, а во вториот дел Ди Натале со погодокот во 50-тата минута израмни на 2-2. Пресвртот го донесе Ди Натале со вториот гол на овој меч во 88-мата минута од пенал.

Резултати…

Катанија-Јувентус 0-1

Болоња-Интер 1-3

Фиорентина-Лацио 2-0

Пескара-Аталанта 0-0

Сампдорија-Каљари 0-1

Торино-Парма 1-3

Наполи-Киево 1-0

Рома-Удинезе 2-3

Пронајдете не на следниве мрежи: