Примера Дивизија: Атлетико во „страшно-добра“ серија, Реал ја почасти Мајорка со „петарда“

Атлетико Мадрид продолжува со одличните игри, овој пат „жртва“ беше тимот на Осасуна, тимот на Атлетико дојде до победа од 3-1, Мајорка беше „декласирана“ на домашен терен од Реал Мадрид, изгуби со резултат 0-5.

Миранда во 31-вата минута го постигна поведоносниот гол на мечот Атлетико – Осасуна, домаќините четири минути потоа дојдоа и до водство од 2-0, а на две минути пред крајот на првиот дел Ламах намали на 2-1.

Во вториот дел Фалкао во 73-тата минута ги постави конечните 3-1.

Реал Мадрид со 0-5 славеше на гостувањето кај Мајорка.

Игуаин во 8-мата го постигна поведоносниот гол за 0-1, на 0-2 зголеми Роналдо во 22-рата минута.

Во вториот дел повторно Игуаин стрела овој пат за 0-3 во 70-тата минута, на 0-4 Роналдо три минути потоа, а конечните 0-5 ги постави Каљехон во 90-тата минута од натпреварот.

Резултати…

Сарагоса-Севиља 2-1

Леванте-Гранада 3-1

Атлетик Б.-Гетафе 1-2

Атлетико М.-Осасуна 3-1

Мајорка-Реал М. 0-5

Пронајдете не на следниве мрежи: