Николиќ ги измеша брзините

Српскиот претседател Николиќ ги измеша брзините! Што сакаме со ова да кажеме? Па просто, при неговата посета на Македонија тој сакајќи да ги замаскира неговите поранешни радикални изјави за нашата држава (се сеќавате на Шешељовите изјави за Вардарска бановина) влезе во уште поголема навреда на целиот народ што живее тука.

Како? Па се сеќавате дека изјави оти србите ја ослободиле Македонија во 1912. Што било причина подоцна поради тоа да имаме држава. Ова е голема навреда за сите нас, а тие што читале и се интересирале за историјата знаат дека Србија, Бугарија и Грција се бореле против Отоманската империја за да ја освојат Македонија, што по двете војни и се случило.

Македонија била распарчена. Во делот на кој се повикува радикалот Шешељ, односно бановината било забранетоа да се зборува на македонски, имињата на луѓето биле променети и била спроведена тортура. Меѓу другото направена е и колонизација, со цел да се смени демографскиот изглед и засекогаш да се избрише македонската посебност. 

И сега, сто години подоцна Николиќ тоа сака да го претстави како ослободување на Македонија? Може него така му чини, но ние сакаме да му кажеме дека го видовме подметнувањето и сме свесни на него и затоа го објавивме овој текст, за да и сигнализираме на македонската јавност дека се работи за обично лицемерие.

Леонардо

Loading...