Меси: ПСЖ? Не благодарам!

Играчот на екипата на Барселона, прославениот аргентински фудбалер Лионел Меси нема намера да го напушти својот тим, а пак најмалку да се префрли во француски ПСЖ.

„Дали ми е примамлив проектот ПСЖ? Не, не, ги имам најдобрите соиграчи во светот во Барселона. Се бориме за трофеи секоја сезона“ изјави Меси за „Франс Фудбал“.

Сепка, ПСЖ за Меси е слично како и Сити.

„Мислам дека ќе ја освојат лигата, но потребно им е време да го направат тимот. Ме потсетуваат на Сити, не е лесно да се направи тим кога ви доаѓаат играчи од целиот свет“ заврши Лионел Меси.

Пронајдете не на следниве мрежи: