Како славните го доживеаа ураганот Сенди

Loading...

Ѕвездите кои живеат во Њујорк, деновиве се сведоци на страшниот ураган Сенди и последиците од него. Еве што споделија тие со јавноста од она на што беа сведоци. 

 

“Зошто сите паничите поради Сенди како да е не знам што? Престанете да паничите и да ширите негативна енергија. Размислувајте позитивно и молете се за мир.” – напиша Линзи Лохан на својот твитер профил. 

 

Коко Т го сподели следниов коменатр на твитер со своите фанови: “Штотуку пробав да излезам на балкон но не можев да дишам од силината на ветрот. Секаде околу мене е темно, нема струја, улиците се поплавени… се чувствувам како во хорор флм. ”

 

Џоан Колинс се вознемирила од погледот што го имала од својата спална соба. Кранот што се наоѓал на градежниот блок пред нејзиниот стан тотално се свиткал од ветерот. 

 

Иванка Трамп ја објавила сликата од црни облаци над Њујорк и напиша : “Затишје пред бура”.

 

Најшокантините фотографии од ураганот ги објави водителката Марија Меноунос која известуваше од улиците на Њујорк. Под нив таа напиша: “Цел Бруклин е под вода, улиците навистина поплавени. Видов еден куп згради кои се срушиле и поплавени тунели. Навистина страшно.”

 

Поврзани статии:

Забавната страна на ураганот Сенди

Сенди почна да го поплавува источниот брег на САД

Ураганот Сенди зеде 21 жртва на Бахамите

loading...
Loading...