Меси: Би гласал за Чави, Иниеста…

Лионел Меси во интервју за „Франс Фудбал“ откри за кого би гласал во изборот за „Златна Топка“, награда која се доделува за најдобриот фудбалер на светот секоја година.

„Не сум сигурен кој е на списокот, но, ќе го дадам својот глас за Чави, Иниеста и веројатно еден од моите сонародници“ вели Меси.

Меси порача дека сепак 2014-тата година тој има голема желба да ја освои оваа награда, а како причина за тоа наведува…

„Тоа е годината кога се игра СП, и доколку тогаш ја освојам Златната Топка, тоа значи дека Аргентина е светски првак“ заврши Меси.

Пронајдете не на следниве мрежи: