„Газета Дело Спорт“: Роналдо и Мурињо ќе одат во ПСЖ!!!

Бомбастична вест пренесува италијански „Газета Дело Спорт“ каде наведува дека тандемот од Реал Мадрид, односно тренерот Жозе Мурињо и играчот Кристијано Роналдо би можеле да се префрлат во тимот на ПСЖ, откако францускиот тим веќе наводно испратил понуда за реализирање на овие трансфери.

Според информациите кои ги пренесува наведениот извор, се вели дека за Роналдо ПСЖ нуди 100 милиони евра, и плата за фудбалерот од 18 милиони евра годишно.

Наведениот извор вели дека Роналдо не постигна договор со Реал Мадрид за продолжување на договорот, па така оваа опција е мошне реална, и за Роналдо, а воедно и за Жозе Мурињо.

Пронајдете не на следниве мрежи: