Со кој дел од своето тело не се задоволни холивудските убавици

Loading...

Покрај сите лични теренери, нутриционисти и пластични операции, постои нешто што холивудските ѕвезди го мразат кај себе, односно некој дел од телото со кое не се задоволни. 

 

Многу жени би дале се за да имаат усни како Анџелина Џоли, па си дозволуваат најразлични хируршки интервенции, ботокс инекции и слично, но познатата актерка не ги сака своите усни. За нив таа вели: “Знам дека некои жени би убиле за моите усни, но мене ми се преголеми. Чувствувам како да ми се низ целото лице!”.

Викторија Бекам, прекрасната англиска модна дизајнерка, не може да ги поднесе своите стопала, сметајќи дека се одвратни, а исто така и воопшто не и се допаѓа нејзината насмевка, па затоа и ретко се смее: -“Ги мразам моите стопала. Мислам дека се одвратни и сакам само да ги сокријам во чевли!”

Тешко можете да најдете фотографија од Кејт Мос на која не и се гледаат градите. Но таа воопшто не е горда на нив: “Порано плачев со години поради моите гради и воопшто не ми беше пријатно да се соблечам пред фотоапаратите. Но денес веќе гледам поинаку на работите.”.

Никол Кидман важи за една од најубавите актерки во Холивуд која секогаш може да се пофали со убава фигура, но таа не е задоволна од својот стомак: “Имам слаби раце и нозе, но секогаш сум имала непропорционално голем стомак во споредба со нив. Порано ми беше тешко да се гледам во профил пред огледалото!”.

Џесика Алба, девојката за која сонуваат сите момци не е задоволна од неколку работи на своето тело: “Градите ми се премногу опуштени, имам целулит и преголеми колкови! Далеку сум од совршена”.

За крај, девојката со секси тело, Ким Кардашијан, вели дека никогаш не е задоволна од своето тело: “Моите бутови се преголеми! Ако ги средам нив, ќе најдам нешто ново со кое нема да бидам задоволна на моето тело!”.

 

Поврзани статии:

Esquire ја прогласи Мила Кунис за најсекси жена на светот

Sofía Vergara: Ми се допаѓа кога луѓето помислуваат дека сум му сестра на мојот син

Анџелина Џоли со своите деца ужива во Франција!

 

loading...
Loading...