Анчелоти: ПСЖ не зависи од Ибра, Пасторе е се подобар, напредува

Тренерот на француски ПСЖ, Карло Анчелоти, изјави дека неговиот тим не се потпира само на индивидуалните способности и квалитети на Златан Ибрахимовиќ, туку, како што вели Анчелоти, тука е и Пасторе кој од натпревар во натпревар е се подобар и подобар.

ПСЖ во Лига Купот играше против Марсеј и победи со 2-0, Анчелоти им даде прилика на оние на кои не сметаше до сега, односно оние играчи кои не му беа во прв план, овие му возвратија со одлична игра.

Посебни пофалби имаше Пасторе, кој според Анчелоти бил маестрален на мечот.

„Сите ние бевме свесни за важноста на овој натпревар, игравме против силен противник, но моравме да направиме некои промени. Ибрахимовиќ не беше спремен 100%, мораше да се одмори по тешките 14 натпревари по ред, но, затоа Пасторе беше во добра форма и одигра одлично. Многу добро напредува, неговото додавање кон Менез за голот беше фантастично“ изјави Ачелоти.

Пронајдете не на следниве мрежи: