ПСЖ демантира – Нема никакви преговори со Роналдо

По шпекулациите кои ги пренесоа бројни светски медиуми дека наводно тимот на ПСЖ започнал преговори со играчот на екипата на Реал Мадрид, португалецот Кристиано Роналдо, сепак, стигна демант од францускиот тим.

„Кристиано Роналдо е одличен играч, но тој има договор со тимот на Реал Мадрид. Јас не сум разговарал со ниту еден претставник од Реал Мадрид“ вели првиот човек на ПСЖ.

Наводно, според неофицијалните информации кои беа пренесени, тимот на ПСЖ бил подготвен да плати неверојатна сума од 100 милиони евра за ангажман на португалецот.

Пронајдете не на следниве мрежи: