Навивачите на Челзи го одбраа Дрогба за „НАЈДОБАР“

Навивачите на англискиот премиерлигаш Челзи, го одбраа Дидиер Дрогба како најдобар играч што го носел дресот на екипата на Челзи.

На второто место се најде Франк Лампард, додека третото место му припадна на Џон Тери, понатаму на четвртото место се најде Џанфранко Ѕола, а во топ 5 се најде и Питер Озгуд.

„Им благодарам на сите, ова е неверојатно добра награда и тешко ми е навистина да поверувам во ова, бидејќи пред мене во Челзи играа многу големи играчи. Во клубот дојдов да пишувам историја, успеав, а оваа награда посебно ќе ме поврзува со Челзи“ изјави Дрогба.

Пронајдете не на следниве мрежи: