БиХ испрати понуда до „чудото од дете“ Ален Халиловиќ

Голема бура од незадоволство владее низ хрватските сајтови каде спортските новинари со големи критики до ХНС поради тоа што „спие“ во случајот со Халиловиќ, имено, веќе официјално Босанскиот фудбалски сојуз испрати понуда до Ален Халиловиќ да игра за таа репрезентација.

Ален Халиловиќ е еден од најголемите фудбалски таленти на Балканот и пошироко, го поврзуваат со трансфер во големиот светски-фудбалски гигант, тимот на Реал Мадрид, а во средината на настаните се Хрватска и Бих, односно за која од овие две селекции би настапувал младиот Халиловиќ.

Според информациите, БиХ испрати понуда до Халиловиќ за настап во селекцијата за играчи до 21-годишна возраст на пријателскиот натпревар против Полска во Зеница на 14-ти ноември.

Пронајдете не на следниве мрежи: