Бразилска убавица умрела за време на липосукција

Памела Насцименто, бразилска манекенка и судија во бројни телевизиски шоуа, почина трагично за време на естетски зафат, додека нејзиното семејство веќе поднесе барање за спроведување на истрага со цел да се открие кој е виновникот.

 

Иако прекрасната Памела почина уште на 19 октомври, веста за нејзината смрт се појави токму сега. Спорд Daily Mail манекенката починала на операционата маса за време на липосукција на нејзиниот стомак. 

 

Операцијата беше изведена во болницата 'Green Hill' koja е многу позната естетска институција во Сао Паоло. Во службените извештаи се наведува дека причината за смртта е хиповолемичкиот шок во кој падната манекенката бидејќи нејзиното срце не можело да испумпа довоно крв.  Сега сепак се сомневаат истражителите дека причината за смртта била предизвикана од нејзините перфорирани бубрези, како и евнимателноста на докторите.

 

 

Ова била третата липосукција на Памела на нејзинот стомак. Нејзините најблиски сметаат дека таа од секогаш била опседната со својот изглед и сметала дека е дебела. Освен операција на стомакот, таа имала и неколку на нејзиниот нос како и нејзините гради. 

 

Полицијата ги доби овие информации после нејзиниот погреб, а сега се води истрага за да се открие вистината за смртта на оваа прекрасна манекенка.

 

Погледнете ги и следниве статии:

Џесика Биел изгледа перфектно

 

 

 

 

Ангелите на Викторија Сикрет на отворање продавница

 

 

 

 

Војвотката Кејт Мидлтон прогласена за најубавата природна убавица

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: