Џенифер Лопез пристигнува во Белград со 72 желби и барања

Љубителите на добрата музика започнаа да ги одбројуваат деновите до настанот кој ќе го одбележи овој месец, настапот на незаменливата  поп дива Џенифер Лопез. 

Концерт кој ќе се случува во нашето соседство, поточно во Комбанк или по старо познатата Београдска Арена. Но настанот и не е така занимлив колку што би била листата на желби и барања којашто оваа поп дива ја испрати до организаторот на концертот.  

Имено организаторот добил листа со 72 желби и барања од страна менаџерот на Џенифер. Формирана е работна и контролна група од 43 стручни лица, на чело со германски посматрач, кој ќе ја предводи групата која ќе има за цел да ги исполни сите барања на поп дивата.

Генералниот спонзор на концертот, Анти Килограм 6 во 1, го креираше најмоќниот мултивитамински пијалок за детоксикација, енергија и согорување на целулитот се со цел да биде задоволена потребата на латино дивата за време на нејзиниот концерт.

Иако целосната листа со неверојатните желби и барања на познатата пеачка се чуваат во тајност, сепак дел од нив веќе кружат низ јавноста, како на пример барањето 60 секунди пред почетокот на концертот пред Арената да слета нејзиниот хелихоптер.

Погледнете ги следниве статии

 Со кој дел од своето тело не се задоволни холивудските убавици

 

 

 

 

 

 

 

 

 Почина Мис на Светот 2010

 

 

 

 

 

 Мила Кунис е бремена?

 

Пронајдете не на следниве мрежи: